Кои се трите најплатени занимања во Германија

178
Кога се заборува за плати најчесто се прават споредби со германските плати.  Работник во Германија заработувал просечно по 3.975 евра бруто месечно во 2020 година, покажуваат податоците на Федералното биро за статистика.

Кога се прави споредба на европско ниво, во тој случај нето-приходот на Германците е над просекот, пренесува Вечерњи лист.

Според студијата GfK Purchasing Power Europe 2020, просечниот нето приход по глава на жител годишно е 22.388 евра. Според анализата на порталот Stepstone, лекарите се најплатени. Тие добиваат просечна бруто плата од 89.500 евра годишно. Дури и со значителни разлики помеѓу индивидуалните медицински професии, ниту една друга работна група не може да постигне толку високо ниво на приход.

Втората најплатена група се советници за средства, контролори и други финансиски експерти кои заработуваат 73.800 евра бруто годишно. Адвокатите се трети по заработка, оние со правен факултет може да очекуваат нивната просечна бруто-плата да биде 68.600 евра.

Фото: Pixabay