Кои светски економии ќе западнат во рецесија во следните 12 месеци

78

Многу од водечките светски економии ќе паднат во рецесија во следните 12 месеци, бидејќи централните банки се придвижуваат кон агресивно заострување на монетарната политика за борба против зголемената инфлација, рече Роб Субараман, главен економист во брокерската компанија Номура холдингс.

„Во моментов, централните банки се фокусирани на една работа – а тоа е да ја намалат инфлацијата. Кредибилитетот на монетарната политика е премногу вредно средство за губење. Така, тие ќе бидат многу агресивни“, вели тој.

Покрај САД, брокерската фирма Номура во своето истражување следната година очекува рецесија и во еврозоната, Велика Британија, Јапонија, Јужна Кореја, Австралија и Канада, пренесува Бонитет.

Во истражувањето, Номура истакна неколку економии со средна големина – вклучувајќи ги Австралија, Канада и Јужна Кореја – кои имаа подем на пазарите на недвижнини. Тие се изложени на ризик од подлабока од очекуваната рецесија доколку зголемувањето на каматните стапки предизвика пад на станбениот фонд и раздолжување, се вели во извештајот.

Централните банки ширум светот одржуваат „супер лабава монетарна политика“ предолго, надевајќи се дека инфлацијата ќе биде минлива, рече Субараман. Сега владите треба да го достигнат чекорот и да се обидат да ја вратат контролата врз наративот за инфлација, изјави тој за CNBC.

„Друго што би сакал да истакнам е кога имате многу економии кои слабеат, не можете да се потпрете на извозот за раст. Тоа е уште една причина зошто мислиме дека овој ризик од рецесија е многу реален и веројатно ќе се случи“, рече Субараман.