Кои универзитети создадоа најмногу милијардери

82

Мотивационите приказни на милијардер за неговиот прв заработен долар, кој имал “осет за бизнис“ и среќа и го однеле во клубот на светските богаташи, се чини дека  “не држи вода“.

Новата листа на американското списание Forbes го крши тоа клише како билет за влез во групата на најбогатите. Листата на Forbes покажува дека освен среќа и чувство за бизнис потребно е и многу знаење за да се влезе во клубот на милијардери.

Како што можеше да се очекува, земјата со најмногу универзитети кои “произведуваат“ милијардери се САД. Девет, од вкупно десет рангирани универзитети, се од Америка. Државјанството на поранешните студенти на елитните факултети кои подоцна го добија епитетот “милијардери“ е разновидно. На листата е и Државниот универзитет во Мумбаj во Индија. Меѓу неговите поранешни студенти има дури 20 милијардери од списокот Forbes, вклучувајќи го и Мукеш Амбани, сопственик на конгломератот Reliance Industries и најбогатиот човек во Азија.

Најмногу милијардери создадоа овие универзитети:

  1. Универзитет Harvard (Кембриџ, Масачусетс)

2. Универзитетот Pennsylvania (Филаделфија)

3. Универзитет Stanford (Калифорнија)

4. Универзитет Yale (Конектикат)

5. Универзитет Mumbai (Индија)

6. Универзитет Cornell  (Њујорк)

7. Универзитетот во јужна Калифорнија

8. МИТ – Massachusetts Institute of Technology (Масачусетс)

9. Универзитетот Princeton (Њу Џерси)

10. Универзитетот Berkeley (Калифорнија)

Фото: Freepik