Пандемијата во голема мера ги смени работните места. Без оглед на работата, вработените треба брзо да се прилагодат на огромните промени, од работа од далечина до оперативни промени и исполнување на задачите. Но, работните вештини се променија дури и пред пандемијата. Податоците на Gartner покажуваат дека бројот на вештини потребни за работа се зголемува за 10% секоја година.
Некои експерти укажуваат за тоа кои вештини ќе бидат потребни во иднина. Бидејќи компаниите продолжуваат да работат во пандемија и планираат за иднината, еве неколку основни вештини што треба да ги имаат вработените, пишува Fast Company.
Дигитални способности
Во неодамнешната анкета на McKinsey, 85% од компаниите изјавија дека ја забрзуваат дигитализацијата.
“Вработените ќе мора добро да се снаоѓаат со дигиталните технологии“, вели Јулија Лам, партнер за човечки ресурси во PwC.
Емпатија
“Способноста да се разберат предизвиците со кои се соочуваат другите вработени и организациите и да се помогне во управувањето, со други зборови емпатијата, е исто така вештина што работодавците ја бараат и им е потребна“, вели Бранон Лејси, претседател на компанија за аутсорсинг вработување PeopleScout.
Комуникациски вештини
Комуникациските вештини отсекогаш биле клучни и барани вештини кај вработените. Но, Лејси верува дека тие сега треба да се прошират на повеќе платформи.
“Треба да бидете подобри во изразувањето, да ги споделувате своите мисли и концепти накратко и лесно на ефикасен и успешен начин“, вели Лејси. Исто така, треба да знаете кога да користите која платформа и како да користите видео, аудио и дигитална комуникација.
Флексибилност
“Бидејќи многу работни места се претвораат во хибридни модели или имаат други значајни промени во начинот на работа, флексибилноста е сè поважна вештина“, смета Лам. Способноста да се дејствува понатаму, дури и во непријатни околности е многу важна вештина.
Фото: Pixabay