Кои земји најмногу извезуваат бадеми

114

Според извештајот на World Top Exports, САД се најголем извозник на бадеми во светот.

Минатата година од извозот земјата заработила 4,4 милијарди долари, што е повеќе од две третини од вкупната сума или 67,5%.

На второ место се европските извозници со 18,9%, а трети се азиските земји со 6,3%.

  1. САД – 4,4 милијарди долари (67,5% oд вкупниот извоз на бадеми)
  2. Шпанија – 692,6 милиони долари (10,7%)
  3. Aвстралија – 407,5 милиони долари (6,3%)
  4. Хонг Конг – 222,5 милиони долари (3,4%)
  5. Германија – 132,7 милиони долари (2,1%)
  6. Холандија – 126,7 милиони долари (2%)
  7. Италија – 109 милиони долари (1,7%)
  8. Tурција – 76,9 милиони долари (1,2%)
  9. Чиле – 58,4 милиони долари (0,9%)
  10. Белгија – 49,1 милиони долари (0,8%)

Фото: Pixabay