Кои земји најмногу извезуваат чоколада

344

Денот не може да помине без нешто слатко, а кога одбираме слатки нејзиното величеството чоколадата е избор број еден за многумина.

Кога станува збор за извозници на чоколада европските земји минатата година генерирале најголем профит- 21,4 милијарди долари, што е 73,5% од вкупната продажба на чоколада во светот.

Северна Америка се приклучува со 12,8%, Азија придонесува со 9,9%, Јужна Америка со 1,5% (без Мексико, со Карибите), на Африка отпаѓа 1,4% и 0,9% се од добавувачи од Океанија, со Австралија и Нов Зеланд како предводници.

Следниве десет земји се најголемите извозници на чоколадо во светот:

Германија – 5 милијарди долари (17% од вкупниот извоз на глобално ниво)

Белгија – 3,1 милијарда (10,5%)

Италија – 2,1 милијарда (7,1%)

Холандија – 2 милијарди долари (6,9%)

Полска – 1,7 милијарди долари (6%)

САД – 1,7 милијарди долари (5,7%)

Канада 1,4 милијарди долари (4,9%)

Франција – 1,4 милијарди долари (4,9%)

Велика Британија – 963,7 милиони долари (3,3%)

Швајцарија – 863,6 милиони долари (3%)

Нашата земја во однос на извозот на чоколада е на 65 место во светот со остварени приходи од 12.992 долари, минатата година.

Фото:Pixabay