Кои земји се најголеми извозници на бренди во светот?

81

Извозот на бренди во светот минатата година достигна пет милијарди долари, покажува анализата на World’s top exports.

Како најголем извозник се јавува Мексико, од каде минатата година извозот на овој алкохолен пијалак беше 1,6 милијарди долари.

Меѓу 10-те најголеми извозници на бренди се и: Кина (681 милион долари), Италија (266 милиони долари), Германија (234 милиони долари), Велика Британија (223 милиони долари), Хонг Конг (223 милиони долари), САД (222 милиони долари), Франција (187 милиони долари), Шпанија (140 милиони долари) и Холандија (114 милиони долари).

Фото: Pixabay