Кои земји се најголеми извозници на компјутери

55

На глобално ниво минатата година продажбата на компјутерски уреди достигна бројка од 380,3 милијарди долари.

Од 2014 година па наваму целокупната вредност на извозот на компјутери се зголеми во просек за 3,3%. Од 2017 до 2018 година извозот на овие уреди е зголемен за 8,8%.

Азиските земји се најголеми извозници на компјутерски уреди, достигнувајќи вредност од 231,6 милијарди долари што 60,9% од вкупната бројка, пишува WTEx.

На второ место се европските држави со 23,6% од вкупниот извоз, додека 15,1% од меѓународната продажба на компјутери отпаѓа на Северна Америка.

Топ десет извозници на компјутерски уреди се:

  1. Кина – 154,2 милијарди долари (40,5% од вкупната бројка)
  2. Мексико – 29,2 милијарди долари (7,7%)
  3. Холандија – 28,7 милијарди долари (7,5%)
  4. САД – 26,7 милијарди долари (7%)
  5. Хонг Конг – 23,7 милијарди долари (6,2%)
  6. Германија – 15,6 милијарди долари (4,1%)
  7. Чешка – 13,6 милијарди долари (3,6%)
  8. Tајланд – 12,7 милијарди долари (3,3%)
  9. Maлезија – 9,4 милијарди долари (2,5%)
  10. Сингапур – 8,8 милијарди долари (2,3%)

Фото: Pixabay