Може да се сетиме на култниот Попај морнарот, кој беше многу силен благодарение на тоа што јаде лиснат зеленчук богат со железо. Станува збор за вкусниот спанаќ, а анализата на World top exports покажува кои се земјите што се најголеми извозници.
Извозот на спанаќ минатата година достигна 344,9 милиони долари во 2018 година. Најголем извозник на спанаќ во светот се САД со 124,4 милиони долари.
Меѓу 10-те најголеми извозници на овој зеленчук богат со железо се и: Шпанија (64,2 милиони долари), Италија (61,2 милиони долари), Холандија (33,2 милиони долари), Мексико (15,8 милиони долари), Кина (6,3 милиони долари), Франција (6,03 милиони долари), Канада (5,96 милиони долари), Велика Британија (пет милиони долари) и Малезија (3,8 милиони долари).
Фото: Pixabay