Пандемијата предизвикана од коронавирусот ги затвори границите меѓу земјите ширум светот како мерка што имаше задача да го намали ширењето на заразата. Откако земјите ги олабавија рестриктивните мерки, дел од нив полека ги отвораат своите граници, а туристичките дестинации под посебни протоколи ги пречекуваат своите туристи.
Некои луѓе сè уште се плашат да патуваат, но има и такви кои поради одредени причини мораат или сакаат да заминат во странство, па се прашуваат дали границите на нивната посакувана дестинација се отворени.
Меѓународното здружение на авиопревозници (International air transport association – IATA) направи интерактивна мапа којашто покажува какви се условите за патување во светот.
Некои земји сè уште ги држат границите затворени, други се одлучуваат за 14-дневен карантин за луѓето кои доаѓаат од земјите што се жаришта на вирусот, трети бараат негативен тест за присуство на Ковид-19 за влез во земјата.
Фото: Freepik