Што е IATA?

214

IATA претставува кратенка од International air transport association или меѓународно здружение на авиопревозници. Седиштето на оваа организација е Монтреал, а централната канцеларија во Европа е сместена во Женева.

Здружението е основано во 1948 година во главниот град на Куба, Хавана. Во IATA има 230 авиокомпании што реализираат 93% од редовниот авиосообраќај.

Инаку, организацијата е присутна во 148 земји во светот преку 74 регионални канцеларии.

Главна цел на ова здружение е заштита на интересите на авиокомпаниите ширум светот, поедноставување на бројните процедури, а со тоа и намалување на трошоците во авиосообраќајот. IATA стои зад правилата коишто авиокомпаниите, коишто се нејзини членки, се должни да ги почитуваат. Тие се однесуваат на безбедност, ефикасност и економичност во работењето.

За да може една туристичка агенција да издава авио билети, таа мора да биде членка на ова здружение, а за резервација на авио билети не е задолжително членство во IATA.

Ова здружение стои за системот BSP (Billing and settlement plan), којшто има за цел да ја поедностави продажбата меѓу различни учесници во давањето услуги за авио превоз и издавање авио билети. Преку овој систем се поврзани сите авиопревозници, глобални дистрибутивни системи, аеродроми и туристички агенции. Секоја продажба на авио билет се регистрира преку ВЅР преку којшто се врши наплата од авио агенциите, а парите се редистрибуираат кон аеродромите или авиокомпаниите. На овој начин, продажбата на авио билети е автоматизирана и поедноставена.

Фото: Facebook