Кои земји заработуваат најмногу од извоз на цвеќе?

96

Свежото цвеќе претставува голем украс и во домовите и во дворовите, но и како пригоден подарок за некој важен настан.

Минатата година извозот на свежо цвеќе достигна вредност од 9,3 милијарди долари. Како најголем извозник на цвеќе се одвојува Холандија, од каде што е извезено цвеќе во вредност од 4,5 милијарди долари, што е скоро половина од вкупниот извоз.

Втора земја најголем извозник на цвеќе е Колумбија со вредност од 1,5 милијарди долари, додека трета е Еквадор со извезено цвеќе во вредност од 851 милион долари.

Во групата 10 најголеми извозници на цвеќе влегуваат и: Кенија (750 милиони долари), Етиопија (212 милиони долари), Белгија (150 милиони долари), Малезија (116 милиони долари), Италија (112 милиони долари), Кина (108 милиони долари) и Тајланд (77 милиони долари).

Од земјите во регионот, Бугарија е 55-та во светот со 2,9 милиони долари, додека Хрватска се најде на 61-во место со 959.000 долари извоз на цвеќе. Грција е 68-ма со извезено цвеќе во вредност од 599 илјади долари, Словенија е 74-та со извоз од 249.000 долари, додека Србија е едно место подолу со инкасирани 239.000 долари од извоз на цвеќе.

Лани од земјава е извезено цвеќе во висина од 43.000 долари, со што Македонија се позиционираше на 88-мо место во светски рамки. Албанија е зад нас на 92-ро место со извоз од 30.000 долари.

Сирија, Ангола и Тринидад и Тобаго се на дното на оваа листа сочинета од 117 земји од светот.

Фото: Pixabay