Кој автомобил им е омилен на жителите на ЕУ?

61

Минатиот месец во Европската унија се регистрирани 1,7 милиони нови автомобили, покажуваат податоците на Европското здружение на производители на автомобили.

Во периодот јануари – ноември оваа година, вкупно се продадени 14,1 милиони автомобили, а пазарен лидер е германски Volkswagen со над 24% удел на пазарот.

На втора и трета позиција се најдоа француските производители PSA и Renault со 16% односно 10,5% пазарен удел. По нив следуваат, Hyundai со 6,8%, BMW со 6,5% и Daimler со 6,4%.

На петте најголеми европски пазар, побарувачката за автомобили се намали само во Велика Британија и тоа за 1,3%. Продажбата во Германија забележа пораст од 9,7%, во Шпанија за 2,3%, во Италија за 2,2% и во Франција за 0,7%.

Фото: Pixabay