Кој беше Џин Деич?

46

Еуген Џин Деич беше американско – чешки илустратор, аниматори, стрип артист и режисер. Тој беше препознатлив по креирање на анимирани филмови, од кои најпознати се Попај и Том и Џери.

Деич беше роден на осми август 1924 година, а почина на 16-ти овој месец на 95-годишна возраст.

Под неговата режисерска палка беа реализирани 13 епизоди од Том и Џери и голем број епизоди за моќниот морнар што сака да јаде спанаќ – Попај.

Тој од Америка во Прага отишол во 1959 година, на 10-дневно патување, каде ја запознал својата сопруга. Поради тоа, решил да ја напушти Америка и да се пресели во Прага. Во овој чешки град ги создал некои од најдобрите дела во неговата кариера. Добитник е на бројни награди, а меѓу нив и Оскар за најдобар краток анимиран филм во 1960 година за неговиот филм Munro.

Тој зад себе ја остави сопругата и неговите три сина од првиот брак. Сите негови синов се илустратори и создаваат цртани филмови.

Фото: Facebook