Кој би можел да биде победник во пост-ковид ерата?

40

Балканскиот регион и покрај тоа што е силно погоден од пандемијата, сепак се верува дека може да биде еден од победниците на глобално ниво во пост-ковид ерата, сметаат аналитичарите на East Capital.

Овој регион добива еден од најголемите стимулативни пакети на глобално ниво, што се движи меѓу 17 и 35% од бруто домашниот производ, преку олеснувања од Европската унија преку фондот за закрепнување и буџет.

Грција и земјите од западен Балкан ќе имаат пристап до фондот од 750 милијарди евра европски пари што ќе треба да им дадат поддршка на земјите за ублажување на негативните ефекти што ги предизвика пандемијата. Бугарија и Хрватска ќе добијат средства во износ од над 35% од БДП за минатата година, додека Грција, Романија и Словенија ќе добијат помош од 17% до 27% од вредноста на нивниот БДП.

Иселениците кои се враќаат во својата татковина, според аналитичарите, се уште еден позитивен тренд за раст во регионот, бидејќи се намалува недостигот од работна сила.

Фото: Freepik