Кој би можел да го замени Кук на чело на Apple?

49

Неодамна беше одбележана десетгодишнината од датумот кога Тим Кук, извршен директор на Apple, ја презеде функцијата по смртта на Стив Џобс. 

Меѓутоа, сега веќе има контроверзии за тоа кој би можел да го наследи, бидејќи самиот Кук не се гледа во оваа улога уште една цела деценија. Американецот секако постигна неверојатен успех во текот на сите овие години, а тој беше во Apple околу две децении. Од 2011 година, акциите на  технолошката компанија од Америка се зајакнаа за повеќе од 1.000 проценти.

Иако самиот Кук беше свесен дека не може да го надмине Џобс, генијалниот ум кој го основа Apple и создаде револуционерни производи, тој сигурно успешно ги реализираше поставените цели. Во изминатите 10 години, Кук ја претвори компанијата во оперативен центар и го прошири своето портфолио на производи. Кук, кој наполни 61 година во ноември, е речиси сигурен дека ќе биде извршен директор на Apple до 2025 година. Блумберг пишува дека „бордот на директори на Apple би бил повеќе од среќен Кук да остане на таа позиција подолго“, но се чини дека неговата одлука е многу јасна.

Имено, интерно се вели дека Тим Кук сака да биде извршен директор на Apple само за уште една голема и нова категорија на производи, а тоа најверојатно ќе бидат очила за проширенареалност, а не автомобил. Таа идеја изгледа уште подалеку. Кук исто така разбира дека водењето компанија во Силиконската долина е претежно „игра за млади луѓе“. Се очекува Кук да се пензионира некаде помеѓу 2025 и 2028 година.

Блумберг тврди дека „никогаш не е рано да се шпекулира за тоа кој ќе ја преземе оваа позиција“.  Ова се клучните играчи во Apple : Кејт Адамс, Еди Кју, Крег Федериџи, Џон Џанандреа, Грег Џосвијак, Сабих Кан, Лук Маестри, Деидре О’Брајан, Џони Сроуји, Џон Тернус и Џеф Вилијамс