Економските лидери од целиот свет по 50-ти пат се собираат во швајцарското монденско место, Давос. Светскиот економски форум трае четири дена, но работите што таму ќе бидат тема на разговор, се развиваат во текот на целата година. Овие шест факти, според РТС, треба секој да ги знае, а се поврзани со форумот во Давос:
Непрофитна организација
Светскиот економски форум е непрофитна организација основана во 1971 година со седиште во Женева, додека Давос е местото каде што традиционално се одржува годишниот состанок. Основач на форумот е Клаус Шваб.
Учесници на форумот
На форумот секоја година присуствуваат околу 3.000 лица, а една третина од нив доаѓаат од бизнис секторот. Покрај нив, во Давос доаѓаат и претседатели, премиери и официјални претставници на Обединетите нации и Европската унија. Меѓу најредовните гости се: Џорџ Сорос, Марк Цукерберг и Тони Блер.
“Машки“ свет
Ако бројот на жени учесници постојано расте (оваа година ќе бидат 24% од учесниците жени), мнозинството и понатаму се мажи. Кога станува збор за просечната возраст, кај мажите таа е 54, а кај жените 49 години.
Покана
За да може некој да присуствува на форумот во Давос ќе треба да добие покана. Но, ако сте член на Светскиот економски форум не мора да добиете покана, но ќе мора платите најмалку 23.800 евра.
Мерки за безбедност
Со оглед на звучните имиња кои се дел од форумот, секоја година се ангажираат големи сили за безбедност. Можат да се забележат снајперисти во бело, кои ги чуваат учесниците од покривите на околните објекти. За безбедноста на учесниците во Давос се одвојуваат околу 8,3 милиони евра.
Фото: Facebook