Кој е извозник број еден на клима уреди во светот?

151

Клима уредите се незаменливи, особено во летниот период, за разладување на просториите во коишто го поминуваме поголемиот дел од денот.

Минатата година, извозот на клима уреди во светски рамки достигна вредност од на 47 милијарди долари.

Кина е извозник број еден кога станува збор за клима уредите. Од оваа земја минатата година се извезени клима уреди во вредност од 16,5 милијарди долари или околу 34% од вкупниот извоз. На второ место е Тајланд со извоз од над пет милијарди долари, додека трето е Мексико со извоз на клими од околу четири милијарди долари.

Меѓу топ десет извозници на клима уреди се најдоа и: САД (2,7 милијарди долари), Германија (околу две милијарди долари), Италија (1,8 милијарди долари), Чешка (1,8 милијарди долари), Јапонија (1,3 милијарди долари), Јужна Кореја (1,3 милијарди долари) и Малезија исто толку.

Од земјите во регионот, Словенија и Грција се на 32-ро односно 33-то место со извоз на клима уреди од 69 и 68 милиони долари. Од Бугарија лани се извезени клими во висина од 54 милиони долари и земјата е 38-ма во светски рамки. Србија е 56-та со извоз од 11,3 милиони долари, додека Македонија е на 97-мо место со извоз на клима уреди во висина од 215.000 долари.

Од 174 земји во светот, на дното на листата се најдоа Британски девствени острови, Бутан и Руанда.

Фото: Pixabay