Кој е најголем извозник на банани во светот?

280

Извозот на банани на глобално ниво лани достигна вредност од 14,7 милијарди долари, што е за 11,2% повеќе во однос на 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Еквадор е извозник број еден, бидејќи покрива 22,6% од продажбата на банани на странски пазари и од тоа заработи 3,3 милијарди долари.

Меѓу петте најголеми извозници на банани лани беа и: Филипини (1,9 милијарди долари), Колумбија (1,6 милијарди долари), Коста Рика (999,7 милиони долари) и Гватемала (944,5 милиони долари).

Од земјите во регионот, најголем извоз на банани во 2019 година имала Грција со 52,8 милиони долари. Потоа следуваат: Словенија (49,4 милиони долари), Хрватска (4,5 милиони долари), Бугарија (936.000 долари), Србија (487.000 долари) и Босна и Херцеговина (30.000 долари).

Македонија, според податоците, има извоз на банани од 8.000 долари во 2019 година.

Фото: Freepik