Кој е најголемиот извозен адут на Швајцарија?

153

Швајцарија во текот на минатата година извезе производи на странски пазари во вредност од 319 милијарди долари, што претставува пораст од 1,5% во споредба со 2019 година.

Според податоците на World’s top exports, 74,4 од извозот на Швајцарија беше насочен кон: САД (22,9%), Германија (15,4%), Кина (5,5%), Велика Британија (5,3%), Франција (5,2%), Италија (4,9%)…

Фармацевтските производи зафаќаат најголем удел во вкупниот извоз на Швајцарија со 88,2 милијарди долари или 27,6% од вкупниот извоз на земјата. Иако е препознатлива по часовниците, тие се на петта позиција со 18,2 милијарди долари или удел од 5,7% во вкупниот извоз на Швајцарија.

Зад фармацевтските производи, на второ место најизвезувани производи се благородните метали со 86,2 милијарди долари; органски хемикалии (25,4 милијарди долари) и опрема со 21,2 милијарди долари.

Во Швајцарија има 8,6 милиони жители, па вкупниот износ на извозот е околу 36.900 долари по глава жител.

Фото: Pexels