Кој е најпосетуван град во светот?

458

Главниот град на Тајланд, Бангкок е најпосетуваниот град во светот, покажува истражувањето на MasterCard.

Според MasterCard Global Destinations Cities Index 2019, тајландската престолнина ја посетиле 22,78 милиони странски туристи. Втор најпосетуван град е градот на светлината, Париз со 19,10 милиони странски посетители, додека зад него се позиционираше Лондон со 19,09 милиони туристи.

Во првите 10 најпосетувани градови влегуваат и: Дубаи (15,93 милиони туристи), Сингапур (14,67 милиони), Куала Лумпур (13,79 милиони), Њујорк (13,60 милиони), Истанбул (13,40 милиони), Токио (12,93 милиони) и Анталија (12,41 милиони туристи).

Во анализата на MasterCard стои дека туристите што лани го посетиле Бангкок во просек дневно трошеле по 184 долари, а најчесто престојувале четири до пет дена. Туристите, пак, што го посетувале Париз во просек трошеле по 296 долари дневно, додека тој просек во Лондон изнесува 148 долари.

Најбројни странски гости во Бангкок се од Кина (37,3%), додека зад нив се туристите од Јапонија (7,9%) и Јужна Кореја (4,4%). Во Париз, пак, најголем дел од странските туристи се од САД (10,3%), по што следуваат гости од Велика Британија (9,6%) и Шпанија (7,6%). Гостите од САД (13,8%), освен во Париз се најбројни и во Лондон. Зад нив се гостите од Велика Британија (9,6%) и од Германија (7,6%).

Фото: Pixabay