Кој е најпрофитабилен бизнис според бизнисмените од регионот?

105

Пандемијата го забави отворањето на нови фирми во регионот, но покажа и одредени промени кај бизнисмените во претходната 2020 година, пренесуваат српските медиуми.

Според податоците, што ги опфаќаат Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина, бизнисмените од регионот најмногу веруваат дека во наредниот период ќе успеат да остварат профит доколку почнат да се занимаваат со градежништво.

Таа дејност во сите земји од регионот е меѓу првите пет по бројот на отворени фирми.

Дел од градежниците донеле одлуки да ги затворат своите фирми, но според експертите тоа е очекувано, бидејќи дел од нив во претходните години акумулирале неликвидност што во 2020 година само го забрза затворањето.

На листата дејности каде има значително зголемување на бројот на новоосновани фирми се програмирање, консултантски и слични услуги.

Фото: Freepik