Кој е светски претприемач на годината?

39

ЈунгЈин Сео, основач и сопственик на фармацевтската компанија Celltrion, е новиот светски претприемач на годината, избран од консултантската куќа Ernst & Young.

ЈунгЈин ја освои престижната титула во конкуренција на 45 национални победници од 38 земји, пренесува Bonitet.com.

Втора година по ред, финалето на најпрестижната програма за наградување на претприемачите во светот се одржа преку Интернет.

Овогодинешниот победник, ЈунгЈин Сео, знаеше многу малку за науката пред да ја основа фармацевтска компанија во 2003 година. Откако слушнал како научник зборува за иднината на медицината, тој се откажа од работата во автомобилската индустрија и го основа Celltrion на 45-годишна возраст.

Денес, Celltrion е глобална фармацевтска компанија која развива револуционерни лекови за третман на рак, автоимуни болести и Ковид-19 во вредност од милијарди долари.

Фото: Pixabay