Кој има најниска, а кој највисока минимална плата во ЕУ

156

Бугарија е “лидер“ во Европската унија со најниска минимална плата од сите земји членки и тоа од 332 евра во јануари, додека на другата страна се најде Луксембург, каде таа имаше износ од 2.202 евра, покажуваат податоците на Eurostat.

Во јануари оваа година, 10 земји членки на Европската унија, лоцирани на истокот од Стариот континент, имаат минимална плата под 700 евра месечно: Бугарија (332 евра), Унгарија (442 евра), Романија (458 евра), Латвија (500 евра), Хрватска (563 евра), Естонија (584 евра), Полска (614 евра), Словачка (623 евра) и Литванија (642 евра).

Во пет земји членки, лоцирани во јужниот дел на Европа, минималната плата е меѓу 700 и 1.100 евра: Грција (758 евра), Португалија (776 евра), Малта (785 евра), Словенија (1.024 евра) и Шпанија (1.108 евра).

Преостанатите шест земји членки, лоцирани на северот од континентот, имаат минимална плата од над 1.500 евра: Франција (1.555 евра), Германија (1.614 евра), Белгија (1.626 евра), Холандија (1.685 евра), Ирска (1.724 евра) и Луксембург (2.202 евра).

За споредба, минималната плата во САД во јануари беше 1.024 евра. Шест земји членки во Унијата (Данска, Италија, Кипар, Австрија, Финска и Шведска) немаат национална минимална плата.

Македонија ја нема официјалната статистика на Eurostat, но според Законот за минимална плата, што ќе се исплаќа од април 2020 до март 2021 година, минималната плата во бруто износ е 21.776 денари или 14.934 денари нето.

Фото: Freepik