Кој ќе го глуми Илон Маск: Најавено е снимање на серија за SpaceX

44

Милиони луѓе ширум светот пред неколку месеци го следеа лансирањето на ракетата на SpaceX со екипаж, која ги однесе американските астронаути до Меѓународната вселенска станица. Тоа била историска мисија и една од пресвртниците за патувањето во вселената на НАСА, а како воопшто настанал SpaceX, кои биле нејзините први вработени и како е развиена нивната прва ракета, треба да биде откриено во серијата од шест дела што треба да се емитува на HBO.

Серијата ќе се базира на книгата на Ешли Венс (Elon Musk: Tesla, SpaceX, and the Quest for a Fantastic Future) во која се опишани почетоците на вселенската компанија на Илон Маск. Низ шесте епизоди ќе се следи како Маск ги избрал првите инженери за неговата компанија, како и првичните чекори за развој, тестирање и лансирање на првата ракета SpaceX во орбитата. Животната желба на овој ексцентричен милијардер е луѓето да станат меѓупланетарни видови, што ќе се обиде да го постигне со SpaceX, а веќе тестира нова ракета со која сака да испрати астронаути на Марс.

Многу работи сè уште не се познати за оваа серија – на пр. кога можеме да очекуваме почеток на снимање и емитување, а многумина ќе бидат најзаинтересирани за актерската екипа, односно кој ќе има чест да биде во улогата на Илон Маск.

Фото: Facebook