Кој колку должи – УЈП ја објави најновата Листа на должници

330

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.07/2024 за долгови доспеани до 31.03.2024 и неплатени до 30.06.2024 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини за кои вкупниот износ на долгот е:

повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
повисок од 300.000 денари за правните лица.

На Листата на должници бр.07/2024 објавени се 1870 должници – правни лица (помалку за 38 од претходната листа) и 3775 физички лица (повеќе за 29 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.07/2024 изнесува 10.723.344.965 денари, (повеќе за 134.694.120 денари од претходната листа).

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.566.067.151 денари, (повеќе за 166.581.317 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 157.277.814 денари (помалку за 31.887.197 денари од претходната листа).