Кој медиум е најмоќен за рекламирање?

230

Целта на рекламата е да допре до што е можно повеќе луѓе, а според анализата на порталот Statista, најголем дел од луѓето ги гледаат рекламите на телевизија. Според анализата, од 25.000 американски испитаници, 68% се изјасниле дека гледале реклами на телевизија во последните четири недели.

Јасно е дека дигитализацијата и нејзините канали на рекламирање се спремаат за доминација, не се многу зад телевизијата. Вкупно 57% од испитаниците рекле дека гледале реклами на социјалните медиуми, додека на 47% вниманието им го одвлекла реклама преку YouTube или на радио.

Интернет страниците, апликациите и интернет пребарувачите привлекле повеќе внимание од билбордите и другите видови на надворешни реклами.

Најмалку внимание им привлекле рекламите од дневните весници и печатени реклами со само 19%.

Фото: Pexels