Кој најмногу го увезува турскиот чај?

47

Белгија е најголемиот увозник на чај од Турција, па од јануари до август за тоа платила скоро четири милиони долари. Потоа следуваат Германија со увоз од 1,3 милиони долари и Северен Кипар со 710.000 долари, пренесува Daily Sabah.

Во периодот јануари – август оваа година, Турција извезла 2.753 тони чај во вредност од 10,7 милиони долари во 103 земји во светот.

“Извозот на чај во САД забележува значителен пораст во последните години и порасна за 50%“, вели Шабан Тургут, главен претседател на здружение на производители и извозници на чај во Турција.

Во САД извозот на турски чај достигна вредност од 709.000 долари, додека во Холандија беше на ниво од 639.000 долари.

Фото: Pexels