Кој најмногу увезува, а кој извезува волнени килими

74

Најголеми извозници на волнени килими во светот се Индија со заработени 181 милион долари, Кина со заработка од 87,4 милиони долари, Белгија со 44,4 милиони долари, Велика Британија со заработка од 35,1 милион долари и Португалија со инкасирани 22,6 милиони долари.

Кога станува збор за увозници на врвот на листата е САД со потрошени 202 милиони долари за увоз на килими, втора е Германија со 46,7 милиони долари, трета е Велика Британија со 44,1 милион долари, на четврто место е Австралија со потрошени 31,7 милиони долари и петта е Холандија со потрошени 26,8 милиони долари за увоз.

Нашата земја најмногу извезува килими во Турција (58%) и Бугарија (42%) од коишто заработила 12.200 долари, а најмногу увезува од Португалија (88%), Белгија (10%) и Турција (1,5%). Македонија за увоз на овој производ потрошила 226.000 долари.

Фото:Pexels