Кој најмногу заработува на Instagram?

55

Не е тајна дека познатите на Instagram заработуваат милиони на таканаречени спонзорирани постови, на кои рекламираат производи на различни компании.

Во морето ѕвезди на оваа социјална мрежа се издвои американскиот актер Двејн “The rock” Џонсон. Како што пишува BBC, Џонсон се најде на првото место на листата на личности кои заработуваат најмногу на Instagram,  а тој по објава добива и до еден милион долари.

Според компанијата за маркетинг на социјалните мрежи Hoper HQ, Џонсон ја “исфрлил“ Кајли Џенер од првото место на списокот.

  1. Двејн The rock Џонсон, 187 следбеници, милион долари по објава
  2. Кајли Џенер, 182 милиони следбеници  – 986.000 долари по објава
  3. Кристијано Роналдо,  225 милиони следбеници – 889.000 долари по објава
  4. Ким Кардашијан, 176 милиони следбеници – 858.000 долари по објава
  5. Аријана Гранде, 191 милиони следбеници – 853.000 долари по објава
  6. Селена Гомез, 180 милиони следбеници – 848.000 долари по објава
  7. Бијонсе Ноулс, 149 милиони следбеници – 770.000 долари по објава
  8. Џастин Бибер, 139 милиони следбеници – 747.000 долари по објава
  9. Тејлор Свифт, 135 милиони следбеници – 722.000 долари по објава
  10. Нејмар да Силва, 139 милиони следбеници – 704.000 долари по објава.

Фото: Pixabay