Аеродромот во Виена од денеска ќе нуди тестирање на коронавирус за да им овозможи на патниците кои пристигнуваат во Австрија да избегнат карантин кој трае 14 дена, а ќе чини 190 евра.
Патниците ќе имаат на располагање молекуларно биолошки или PCR тест на Ковид-19 на виенскиот аеродром, чијшто резултат ќе биде готов за два до три часа.
“На овој начин патувањето со авион, без оглед дали станува збор за деловен или итен пат, ќе биде побезбедно и полесно“, се наведува во соопштението на аеродромот.
Тестот, кој чини 190 евра, ќе можат да го направат и патниците кои ја напуштаат Виена.
Патниците кои пристигнуваат на аеродромот ќе мораат да покажат лекарска потврда дека се негативни на коронавирусот, а тестот не смее да биде постар од четири дена или ќе заминат во карантин.
Виенскиот аеродром има планирани летови за Доха, Дортмунд, Дизелдорф, Франкфурт, Хамбург, Лисабон, Минск и Софија, како и чартер летови. Забрането е слетување на авиони од подрачјата кои се сметаат дека се од голем ризик.
Фото:Pixabay