Кој сè е ослободен од работа поради топлотниот бран?

46

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа, во Црвениот крст да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство, за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови кои следуваат.

Целата територија на нашата држава ќе биде зафатена со температури од портокалова (алертна) фаза  во текот на следните денови , почнувајќи од четврток 29.07. до 01.08.2021 година.

Општите мерки кои треба да се почитуваат се следниве:

  1. Ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението, како што се бремените жени и лицата на возраст над 60 години.
  2. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не практикуваат физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.
  3. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да имаат поактивен пристап и да пружат помош на осамени стари изнемоштени лица и бездомници.
  4. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавачи на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Фото: Pexels