Kој во Европа купува сомнително бразилско злато

34

Студијата на непрофитната организација Есколас Институт од Сао Паоло, користејќи владини податоци, покажа дека сите 1,3 тони злато што Германија ги увезла од Бразил во 2023 година потекнуваат од државата Амазонас, објави Ројтерс.

Во извештајот насловен „Ризично злато на Европа“ се наведува дека Италија последен пат увезла 356 килограми бразилско злато минатата година, од кои 254 килограми од државите Пара и Сао Паоло. Државата Сао Паоло не произведува злато, но е главен центар за продажба и извоз на благородниот метал, особено оној од нејасно имотно-правно потекло, објави агенцијата.

„Европската унија има строги правила за сузбивање на продажбата на руди од сомнително или нелегално потекло, но и многу „дупки““, рече директорката за истражување на Институтот Есколас, Лариса Родригез.

Ројтерс наведува дека европските компании, кои купуваат злато, не знаат каде е ископано и кој го продавал на извозниците.

„Околу 94 отсто од бразилското злато, кое го увезуваат Германија и Италија, главните купувачи во ЕУ, има сомнително потекло и пристигнува преку синџир на посредници од стотици рудници за злато во Амазон“, истакна Родригез.

Повеќе од половина од 68-те тони злато што Бразил ги извезе минатата година има сомнително потекло што не може да се следи, и покрај мерките на актуелната влада за спречување на нелегалната продажба на благородниот метал, рече Есколас.

Се додава дека Канада е главниот купувач на бразилското злато, кое го извезуваат компании од легално лиценцирани рудници, што е случај со третиот најголем увозник, Обединетото Кралство.

„Меѓутоа, Швајцарија, како втор најголем купувач на злато од Бразил, увезува и шипки направени од руди со сомнително потекло, а голем дел завршува во Европската унија, која добива 70 отсто од златото од Швајцарија. – изјави Родригез.