Кој заработува најмногу во земјава?

65

Програмер во земјава во август примил просечна нето плата од 66.433 денари, што е највисока заработка според податоците на Државниот завод за статистика.

Нивните колеги што се занимаваат со информации и комуникации ја имаат втората највисока просечна нето плата во август, во висина од 48.806 денари.

Трета дејност со највисока просечна исплатена нето плата во август е производствона основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати со 46.137 денари.

Меѓу петте најплатени професии во земјава, во август, беа и финансиско – услужни дејности, освен осигурувае и пензиски фондови (43.320 денари) и воздухопловен транспорт (42.214 денари).

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во август 2020 година, изнесува 27.535 денари, додека во бруто износ е 41.070 денари

Фото: Freepik