Која банкнота е најпопуларна меѓу фалсификаторите

102

Од 2002 година, кога беше воведенo еврото, откриени се 19 милиони фалсификувани банкноти на оваа валута со номинална вредност од 1,2 милијарди евра.

Само минатата година, откриени се 770.000 фалсификувани банкноти во евра, изјави портпаролката на Европол, Ина Михајлова.

“Минатата година имаше 30 фалсификувани банкноти на милион реални“, рече Михајлова за РТС.

Меѓу фалсификаторите, најпопуларна е банкнотата од 50 евра, (37% меѓу откриените фалсификати), а по неа следи банкнотата од 20 евра, (26%). Од вкупниот број фалсификати, околу 12% се фалсификувани банкноти од 100 евра.

Фото: Pixabay