Која е најголемата грешка во бизнисот, според Марк Кубан

262

Според еден од најуспешните претприемачи во светот, Марк Кубан, најголемата грешка што претприемачите ја прават е тоа што мислат дека мораат да обезбедат пари за стартување на бизнисот.

Откако ќе ја имаат идејата и ќе ја одредат целта што сакаат да ја постигнат, претприемачите мислат само на едно – како да соберам пари?

Технолошкиот тајкун, кој го поседува и тимот Dallas Mavericks, вели дека откако ќе соберете пари истите ќе треба да ги враќате. Тоа, според него, не е некој успех, туку обврска да давате извештај на оној кој ви ги дал или позајмил.

Кубан, кој има 61 година, вели дека за да не зависите многу од други луѓе, треба самите да ги “најдете“ парите.

Јас започнав со продавање на кеси за ѓубре, вие започнете со тоа што го имате… Започнете да продавате, нудите на луѓето околу вас. Потоа, барајте препораки за да го проширите бизнисот и следен чекор ќе биде создавање на нешто големо.

Фото: Facebook