Петти октомври е Светскиот ден на учителите, наставниците, професорите… оние професионалци кои имаат секојдневна комуникација со децата и се трудат да ги научат и воспитаат на вистински начин.
Оваа професија има долг историјат, голема заслуга за развој, бидејќи во “нивни раце“ е иднината на секој земја – младите луѓе. Но, податоците покажуваат и дека во европски рамки во оваа професија доминацијата им припаѓа на жените.
Податоците на Европската унија покажуваат дека во 2017 година, во рамки на Унијата, 5,8 милиони луѓе работеле како наставници во основно и средно образование. Дури 72% од нив или 4,2 милиони се жени. Меѓу настаниците кои работат во ЕУ, пола милион или 9% од вкупниот број се помлади од 30 години, додека 2,1 милиони или 36% се постари од 50 години.
Во сите земји членки на ЕУ, наставниците во 2017 година претежно биле жени. Уделот на жени во оваа професија е најголем во Летонија (87%) и Литванија (85%), по што следуваат Бугарија, Естонија и Словенија со по 85%.
Европската статистика, исто така, окажува дека 9% од наставницие во ЕУ имале повеќе од 60 години, а најголем удел во оваа старосна група имаат: Естонија (19%), Италија (17%) и Германија (16%).
Според податоците на Eurostat, во земјава има 7.317 наставници во основно образование. Од нив 1.197 се мажи, додека поголемиот дел од 6.120 се жени.
Во ЕУ, во основно образование се вклучени 2,1 милион наставници, одкои 314.501 се мажи, а 1,8 милиони се жени. Одделно по земји, најголем број наставници во основни училишта има во: Велика Британија (318.533 од кои 47.018 се мажи, а 271.515 се жени), Турција (292.878 од кои 113.842 се мажи и 179.036 се жени) и Италија (252.806 од кои 11.063 се мажи и 241.743 се жени).
Фото: Pixabay