Која европска земја има најголем БДП?

80

Во текот на 2019 година, бруто домашниот производ (БДП) на земјите членки на Европската унија (ЕУ) се позиционираше на околу 13.900 милијарди долари по тековни цени. Реалниот БДП во 2019-та година беше 17% повисок во споредба со една декада претходно, покажуваат податоците на Eurostat.

Скоро една третина од вредноста на БДП на ЕУ или 24,7% е генерирана од Германија, а потоа следуваат Франција (17,4%) и Италија (12,8%), а по нив се Шпанија (8,9%) и Холандија (5,8%).

Помалку од 1% удел во вредноста на БДП имаат: Малта (0,1%), Естонија, Кипар и Латвија (по 0,2%), Литванија и Словенија (по 0,3%), Бугарија и Хрватска (по 0,4%), Луксембург (0,5%) и Словачка (0,7%).

Фото: Pixabay