Која компанија дневно заработува 300 милиони долари или милион долари за помалку од пет минути?

136

Фактите говорат дека 70 компании ширум светот заработуваат повеќе од еден милион долари за еден или помалку од еден час.

Најпрофитабилна на глобално ниво е нафтената компанија Saudi Aramco со заработка од 304 милиони долари дневно или еден милион долари за помалку од пет минути.

На второ место се најде технолошкиот гигант Apple со дневна заработка од 163 милиони долари или еден милион долари на секои 8,8 минути. Трета меѓу најпрофитабилните е Industrial & Commercial Bank of China со 123 милиони долари дневно или еден милион долари на секои 11,7 минути.

Меѓу 10-те најпрофитабилни, според порталот Howmuch.net, се и:

Samsung Electronics109 милиони долари дневно или еден милион на секои 13,2 минути

China Construction Bank105 милиони долари дневно или еден милион за 13,7 минути

JPMorgan Chase & Co88 милиони долари дневно или еден милион за 16,2 минути

Alphabet84 милиони долари дневно или еден милион за 17,1 минути

Agricultural Bank of China83 милиони долари дневно или еден милион за 17,1 минути

Bank of America Corp77 милиони долари дневно или еден милион за 18,7 минути

Bank of China74 милиони долари дневно или еден милион за 19,3 минути

Фото: Pixabay