Македонски Телеком донесе предлог одлука за распоредување на нето добивката на компанијата за 2020 година, во износ од 1,7 милијарди денари, стои во предлог одлуката, што пред собранието на акционери ќе се најде на 17-ти јуни.
“Дел за исплата на бруто дивиденда во износ од 1.381.898.244 денари, во којшто се вклучени сите даноци, доколку е применливо и кои ќе бидат задржани и платени од бруто дивидендата согласно важечката даночна регулатива во Македонија на датумот на исплата и ден за задржана добивка за инвестиции во квалификувани материјални и нематеријални средства во износ од 345.474.561 денар“, стои во предлог одлуката.
Согласно предлог одлуката за исплата на дивиденда за 2020 година и утврдување на дивиденден календар, бруто износот на дивиденда по акција е 16,02 денари.
Датум на пресек на акционерската книга според којшто се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда е 15-ти јули оваа година. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 13-ти јули, а прв ден на тргување без право на дивиденда е 14-ти јули.
Исплатата на дивиденда за 2020 година ќе се изврши најдоцна до 30-ти септември.
Фото: Pexels