Која навика ги разликува милионерите од просечните луѓе

121

Студијата којашто ја објави Social Psychological and Personality Science покажа дека милионерите се разликуваат од луѓето со просечни примања по начинот на којшто го минуваат слободното време, т.е како го трошат времето.

Истражувањето е спроведено во Холандија и опфатило 800 милионери во Холандија кои се споредени со 1.200 граѓани кои имаат просечни примања.

Тие во текот на истражувањето споредувале како тие две групи го минуваат своето слободно време и времето на работа, но и во секојдневните активности како готвење, исхрана, патување до работа, релаксирање, волонтирање, хобија, па предвид го земале и нивното задоволство од животот.

Милионерите слободното време го поминуваат активно, во друштво, посветени на некое свое хоби, волонтираат. Додека луѓето со просечни приходи слободното време го поминуваат претежно спиејќи, гледајќи телевизија или одмараат.

Исто така, богатите и просечните имаат и слични навики. Имено, сите поминуваат подеднакво време на готвење и шопинг. Интересен факт е дека луѓето со повисоки приходи трошат повеќе време на домашните обврски, но помалку време за грижа за своите деца.

Богатите луѓе се разликуваат од просечните по слободата што ја уживаат во својата работа, а луѓето со просечни примања се зависни и немаат авторитет во деловниот свет.

Во истражувањето се заклучува дека луѓето со поголеми приходи уживаат да бидат постојано активни, а токму тоа ги прави посреќни во животот.

Фото: Pexels