Која земја е увозник број еден на планетата, а каде сме ние?

63

Увозот на најразлични стоки и услуги минатата година достигна вредност од 18,998 трилиони (илјади милијарди) долари во 2019 година. Податоците на World’s top exports покажуваат дека увозник број еден во светски рамки лани биле САД со 2,568 трилиони долари или 1,7% помалку во однос на 2018 година.

Вицешампионското место на увозници го зазема Кина со 2,069 трилиони долари што е пад од 3,1% во споредба со 2018 година, додека трет најголем увозник е Германија со 1,236 трилиони долари. Првата “петорка“ увозници ја завршуваат: Јапонија (721 милијарда долари) и Велика Британија (692 милијарди долари).

Македонија е 99-та во светски рамки со увоз чие ниво лани достигна 9.470.286.000 долари или 4,6% повеќе во однос на 2018 година.

Од земјите во регионот, најголем увозник лани беше Грција со 62,1 милијарди долари. Следуваат: Словенија (44,7 милијарди долари), Бугарија (37,8 милијарди долари), Хрватска (28,4 милијарди долари), Србија (26,5 милијарди долари) и Босна и Херцеговина (11,1 милијарда долари).

Од 200 анализирани земји, на дното според увозот се најдоа: Островите Кук (175,9 милиони долари), Јужен Судан (212,8 милиони долари) и Коморос (222,6 милиони долари).

Фото: Freepik