Која земја има најдобар здравствен систем, а каде сме ние?

219

Светот е исправен пред сериозен предизвик којшто ги мобилизираше властите за заштита на населението од пандемијата на корона вирусот.

Порталот Numbeo состави листа врз основа на индексот на здравствена заштита што покажува кои земји имаат најдобро организиран здравствен систем, располагаат со квалитетна опрема, добро обучени лекари…

Според податоците, Тајван е лидер на табелата со индекс од 86,71 поени. Меѓу 10-те земји со најквалитетен здравствен систем се најдоа и: Јужна Кореја, Јапонија, Данска, Франција, Шпанија, Австрија, Тајланд, Австралија и Финска.

Од земјите во регионот, највисоко позиционирана е Словенија, којашто се најде на 46-то место. Зад нејзе се најде Хрватска на 51-во место. Numbeo покажува дека од вкупно 93 земји во светот, македонскиот здравствен систем е на 65-та позиција. Зад нас се најдоа и: Грција (67), Бугарија (72), Албанија (77), Босна и Херцеговина (9) и Србија (84).

На дното на листата се најдоа: Венецуела, Ирак, Бангладеш, Азербејџан и Мароко.

Фото: Pexels