Која земја од видео игри заработи 11 милијарди долари?

63

Извозот на конзоли за видео игри и друга опрема поврзана со овој еспорт минатата година достигна вредност од 24,4 милијарди долари.

Најголем дел од “колачот“ или 11 милијарди долари одат кај Кина, додека втор најголем извозник е Холандија со извоз на видео игри во вредност од 2,4 милијарди долари. На трето место се најде Јапонија, којашто минатата година од извоз на видео игри заработи 2,3 милијарди долари.

Меѓу 10-те најголеми земји извозници на видео игри во светот се и: Хонг Конг (две милијарди долари), Полска (1,5 милијарди долари), Германија (1,4 милијарди долари), САД (една милијарда долари), Шпанија (778 милиони долари), Велика Британија (329 милиони долари) и Словачка (178 милиони долари).

Од земјите во регионот, Хрватска е 26-та со извоз на видео игри вредни 16 милиони долари. Потоа следуваат: Словенија е 27-ма со извоз од 14,6 милиони долари, Бугарија едно место подолу со извоз од 14 милиони долари и Грција е 30-та во светски рамки со 13,4 милиони долари. Србија е 45-та со извоз од 1,8 милиони долари, додека од Македонија извозот на видео игри изнесуваше 63.000 долари.

Фото: Pixabay