Која земја во светот е најмногу должна?

65

Пандемијата што ја предизвика коронавирусот само го забрза зголемувањето на долговите на државите, кои се обидуваат на различни начини да го помогнат закрепнувањето на своите економии.

Според USDebtclock.org, во реално време може да види како се натрупуваат долговите на 30 земји во светот. Според нивните податоци, САД номинално имаат најголем долг од над 26,5 трилиони долари (илјади милијарди долари), што е 100,52% од вредноста на бруто домашниот производ (БДП) на земјата.

Но, ако се земе предвид уделот на долгот во БДП-то, тогаш на првото неславно место ќе се позиционира Јапонија. Долгот на оваа земја е 12 трилиони долари, но е 283,15% од вредноста на БДП.

Најголеми должници меѓу земјите во светот се: Кина (7,2 трилиони долари), Јапонија (12 трилиони долари), Германија (2,9 трилиони долари), Велика Британија (3,4 трилиони долари), Франција (2,9 трилиони долари), Индија (2,2 трилиони долари), Италија (три трилиони долари), Бразил (1,6 трилиони долари) и Канада (1,8 трилиони долари).

Од земјите во регионот, Грција е 14-та во светски рамки со долг што надминува 448 милијарди долари или 220,53% од БДП.

Фото: Freepik