Колкав износ на дивиденда ќе подели Комерцијална Банка

Комерцијална банка денеска ги објави предлог Одлуките за претстојното Собрание на акционери на Банката.

Износот на дивиденда, согласно Предлог-одлуката за употреба и распоредување на
нераспределената добивка до 31.12.2021 година, донесена од Надзорниот одбор на
Банката на 23.02.2022 година, изнесува:
– за 1 обична акција бруто-износ од 620,00 денари, односно 62,0% во однос на
номиналната вредност од 1.000,00 денари.
За предложениот износ на дивидендата за 2021 година, акционерите ќе се известат
преку Повикот за учество на Годишното собрание на акционери на Банката.

Собранието на акционерите на Комерцијална банка АД Скопје ќе се одржи на
30.03.2022 година, а датумот на евиденција според кој ќе се определи листата на
акционери кои имаат право на дивиденда за 2021 година, е 14.04.2022 година.

Исплатата на дивиденда за 2021 година ќе започне на 27.04.2022 година.