Колкав пад прогнозира ММФ?

28
Businessman stepping on banana skin

Сведоци сме дека во светот денес се случува она што е незамисливо, пандемијата од коронавирусот ја запре глобалната економија, туркајќи ја во најдлабоката рецесија од Големата депресија, изјави денеска Кристалина Георгиева, директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

“Според проценките на ММФ, економскиот пад на развиените европски земји ќе биде 10%, а на европските земји во развој -6%“, рекла Георгиева на видео разговор на 15-от Бледски стратешки форум – Европа по Брегзит и Ковид-19, пренесува Танјуг.

Според нејзе, актуелната криза ќе влијае на тоа 70 земји во светот да бидат уште посиромашни од она што се, но има причина за оптимизам, бидејќи на “оваа криза без преседан се одговори со мерки без преседан“.

Фото: Freepik