Колкава била просечната нето плата во април?

57

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во април оваа година изнесуваше 25.830 денари, додека во бруто износ е 38.567 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во април 2020 година, во однос на април 2019 година, е зголемена за 4,2%.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Образование (12%), Други услужни дејности (6,9%) и Дејности на здравствена и социјална заштита (6,4%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (9%), Стручни, научни и технички дејности (6,9%) и Транспорт и складирање (6,6%).

Фото: Freepik