Колкава била заработката од авионски летови во регионот

24

Србија, Црна Гора и Косово минатата година од прелетување на цивилни летала над нивните територии заработиле вкупно 77.634.883 евра.

Според извештајот на EUROCONTROL контролата на летање во Хрватска заработила најмногу од земјите во регионот 88.774.191 евра, заработката на Словенија изнесува 34.821.892 евра, Босна и Херцеговина заработила 34.821.892, додека нашата земја од патнички летови врз територијата инкасирала вкупно 16.977.183 евра.

Системот на обединети наплати и редистрибуции на заработката од прелетувањето на цивилните летови е централизиран на европско ниво, а во 2018 година сите земји-членки на EUROCONTROL во целост заработиле нешто повеќе од осум милијарди евра, пишува Tango Six.

CRCO (Central Route Charges), канцеларијата на оваа организација, ги пресметува сумите за наплата врз основа на динамични формули, а собраните средства се распределуваат на националните оператори.

Фото: Pixabay