Колкави беа девизните резерви во мај?

51

Вкупните девизни резерви, на крајот на мај оваа година, достигнаа ниво од 3.079.080.000 евра, покажуваат податоците на Народната банка.

“На крајот на мај 2020 година, официјалните девизни резерви изнесуваат 3.079,1 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат намалување за 80,5 милиони евра. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (78,4%), по што следува монетарното злато (11,2%) и валутите и депозитите (10,4%)“, стои на официјалната страница на Народна банка.

Монетарното злато на крајот на мај оваа година имаше вредност од 343,68 милиони евра, додека еден месец претходно беше на ниво од 351,18 милиони евра.

Хартиите од вредност, што зафаќаат најголем дел од вкупните девизни резерви, заклучно мај оваа година, имаа салдо од 2.413,89 милиони евра, а еден месец претходно изнесуваа 2.352,54 милиони евра.

Валутите и депозитите во мај беа на ниво од 319,88 милиони евра.

Фото: Freepik